Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2016

Украина го победи Велс, Словенија падна во Белфаст

Вчера беа одиграни четири пријателски натпревари, а мало изненадување направи Украина во триумфот над Велс.

Меѓутоа, изненадувањето е само на хартија бидејќи Велшаните играа без најголемите ѕвезди, што домаќинот го искористи и триумфираше со минимален резултат од 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше напаѓачот Андреј Јармоленко кој во 28-та минута ја искористи луцидната асистенција на Конопљанка од прекинот и го совлада голманот Хенеси.
Со ист резултат Северна Ирска ја надигра Словенија во Белфаст, а човекот кој одлучи беше Вашингтон кој во финишот на првото полувреме го пронајде патот до мрежата на Јан Облак.
Во третиот натпревар резултатот беше исто 1-0, но овој пат славеа гостите, Молдавија ја победи Андора со погодокот на Армас во 48-та минута.

Најнови вести