Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2017

Словенија ја декласираше Шпанија со 20 поени за финале

Словенците одиграа нова маестрална партија на Евробаскетот, синоќа со убедливи 92:72 ја победија Шпанија.

Прв фаворит за титулата беше Шпанија, но синоќа одигра лошо против избраниците на Игор Кокошков. Словенците имаа многу погодоци за три поени, реализираа 14 од 24 обиди.
Клучен дел од натпреварот беше третата четвртина, која Словенците ја добија со 24:12 и целосно ја исфрлија од ритам „црвената фурија“.
Шпанците се обидоа да се вратат во игра во последните десет минути, но Словенците не се предадоа и на крајот славеја со убедливи 92:72.
Сега Европа ќе добие нов владетел, Словенија предводена од Драгиќ, Рендлоф и суперталентот Дончиќ ќе има шанса прв пат да се бори за златниот медал.

Најнови вести