Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2017

Кејн: Се виде дека Словенците се изморија

Хари Кејн, напаѓачот на репрезентацијата на Англија, изјави дека е горд на неговиот тим што успеа да се пласира на Мундијалот во Русија следната година.

„Во овие времиња не е мал потфат пласманот на Мундијалот, така што сме воодушевени. Тоа е единствено важно, дека сме се пласирале. Моравме да бидеме стрпливи, во последните десет минути се виде дека Словенците беа уморни. Нè чека уште еден натпревар во недела, ќе го одиграме сериозно“, изјави капитенот на тимот.
Селекторот Герет Саутгејт изјави дека неговиот тим одиграл тактички добро.
„Знаевме дека ќе мора да одат на победа и дека ќе нападнат, па на крајот ја променивме формацијата и се обидовме да го искористиме нивното морање. Игравме како тим кој примил само четири гола, видовте зошто. Не е случајност што често даваме голови во завршница, ние сме млад тим, но многу сме упорни“, изјави Саутгејт и потоа го пофали голманот Џо Харт.
„Имаше неколку важни одбрани во важни моменти, се виде неговото искуство. Знаеме дека мораме да се подобриме, но фантастичен е фактот дека се пласиравме на Светското првенство. Имаме потенцијал, но ни претстои уште многу работа“, додаде Саутгејт.

Најнови вести