Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2017

Србија и Словенија во финалето на Евробаскетот

Противник на Словенија во борбата за европското злато ќе ѝ биде Србија, која синоќа ја совлада Русија во полуфиналето со 87:79. За прв пат по 2001 година шампионот на Европа ќе биде некоја земја од поранешна Југославија.

Во првото полувреме од натпреварот,Србија имаше стабилна разлика од 14 поени, со примени 34, но во третиот период имаше мала деконцентрација во одбраната, па Русите постигнаа 11 поени по ред.
Србија четвртиот дел го почна со плус девет, но Русите беа постојано блиску и на четири минути пред крајот, со двете тројки на Алексеј Швед дојдоа до 73:75. Плејмејкерот погоди вкупно шест на натпреварот, постигна 33 поени, од кои 19 во второто полувреме. Но тоа не беше доволно, Србија направи безбедна разлика за прв пласман во европско финале од 2009 година.
За победата на Србија, Бојан Богдановиќ постигна 24 поени, Бобан Марјановиќ 18 и Владимир Лучиќ 13. 
Финалето меѓу Србија и Словенија се игра утре, од 20.30 часот.

Најнови вести