Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

ЕХФ ја одби жалбата, Словенија се заканува со напуштање на ЕП

Европската ракометна федерација ја одби жалбата на Словенија по вчерашната одлука на судиите, со која Германија по истекот на натпреварот, доби шанса со седмерец да стигне до изедначување (25-25).

По оваа одлука, Словенците размислуваат дури и да го напуштат Европското првенство, да не го одиграат третото коло, а тоа ќе направи голем хаос во групата во којашто игра македонската ракометна репрезентација.
Фрањо Бобинц, претседателот на Ракометна федерација на Словенија, во неофицијален разговор изјавил дека Словенците сериозно размислуваа да го напуштат  Европското првенство во Хрватска бидејќи нивната селекција била уништена од судиските одлуки и на натпреварот против Македонија и на синоќешниот дуел со Германија.
Судиите долго ја анализирале ситуацијата со технологија ВАР и на крајот утврдиле дека Благотиншек го попречил изведувањето на брз центар во последната секунда од натпреварот, и тоа од забранетиот простор на центарот од теренот. Поради тоа, тој заработи црвен картон, а на Германија ѝ беше доделен седмерец, според новите ракометни правила.

 

Најнови вести