Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Словенија е новиот европски шампион во кошарка

Словенија стана сензационален европски шампион откако во големото финале на Европското првенство ја победи Србија со резултат 93:85.

Словенечката кошаркарска репрезентација, предводена од Горан Драгиќ, направи историски успех, стана европски шампион откако одигра маестрален натпревар против Србија и триумфираше со 93:85.
Словенците остварија победа над Франција, потоа беа подобри од Шпанија и на крај ја совладаа Србија, па сосема заслужено се радуваа на нивниот прв медал со златна боја.
Кошаркарите на Србија одлично го почнаа натпреварот и имаа водство во текот на првата четвртина, но во вториот дел доминираа Словенците и дојдоа до предност од 11 поени. На полувремето екипата од Словенија водеше со 45:38.
Во третиот дел од средбата, Србите најавија нивно враќање, а во последната четвртина дури и поведоа со 82:80. Словенија потоа направи фантастична серија од 10-0, со која поведе со 92:82 и ги реши дилемите околу победникот. Натпреварот заврши со конечен резултат 93:85. 
Најефикасен играч кај Словенците беше Горан Драгиќ, кој одигра уште една неверојатна партија и постигна 35 поени, а Прелепиќ реализира 21. Во редовите на Србија најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 22 постигнати поени.

Најнови вести