Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2015

Ибрахимовиќ херој на Шведска, Украина успеа да се одбрани

Фудбалската репрезентација на Шведска и Украина го затворија списокот со учесници на Европското првенство во Франција 2016 година.

Шведска по триумфот од 2-1 на домашен терен во реваншот од баражот одигра со нерешен резултат 2-2, додека пак Украина ремизираше со Словенија во Марибор со резултат 1-1, па на Европското првенство отиде поради победата од 2-0 од првиот натпревар.
Овие две репрезентации им се придружија на Франција, Англија, Чешка, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија, Велс, Романија, Албанија, Германија, Полска, Русија, Словачка, Хрватска, Турција, Унгарија и Ирска кои порано го обезбедија својот пласман на ЕВРО 2016.
Швеѓаните знаеја дека не смеат да се бранат во Данска, бидејќи примија гол на домашен терен, а и победата на Данска од 1-0 би ги одвела понатаму. Голем дел од работата ја заврши Златан Ибрахимовиќ во 19-тата минута, кога после корнер од десната страна се снајде одлично и ја затресе гол мрежата.
Швеѓаните се повлекоа во продолжението и Данска не успеа да дојде ни до шанса. Во 72-тата минута Ериксен се обиде со удар од волеј, а на 13 минути пред крајот мечот беше решен. Гол за гостите повторно постигна напаѓачот на ПСЖ со прецизен удар од дваесетина метри. До крајот на натпреварот Данска успеа и да изедначи, но беше прекасно.
Поулсен на девет минути пред крајот погоди за 2-1, а конечниот резултат во првата минута од дополнителното време  го постави Вестергард.
Многу повеќе возбудувања имаше во Марибор каде Украинците допатуваа со победа од 2-0. Словенците почнаа одлично, а веќе во 11-тата минута Боштјан Цесар по асистенцијата на Миливоје Новакович го постигна водечкиот гол.
Словенците сепак не успеаја да се изборат за продолжение, иако се обидуваа и имаа иницијатива. Во дополнителното време прв исклучен беше Бречко во 93-тата минута, а веднаш потоа, буквално во последната секунда Јармоленко од контра напад го донесе конечниот резултат и со тоа ѝ донесе големо славење на својата селекција.

Најнови вести