05.9.2018 Меч на денот: Словачка ќе ги разбие данските аматери
Репрезентацијата на Данска ќе се спротивстави со аматери и футсал играчи
Пријателскиот натпревар помеѓу Словачка и Данска можеше да биде интересен ако гостите на арената во Трнава допатуваа во комплетен состав, а вака, победникот е предвидлив. Репрезентацијата на Данска од 20.45 часот на Словаците ќе им се спротивстави со состав полн со фудбалери-аматери од ниските лиги, како и со специјалисти за футсал, кои ќе видиме како се снаоѓаат на голем и отворен терен.
Причина за проблемот е несогласувањето на најдобрите дански фудбалери со Фудбалската федерација на нивната земја. Играчите бараат поголем процент од добивката од рекламите. Мечот беше закажан и Данска не го откажа, па затоа Федерацијата „скрпи“ тим само колку да се појават на терен.
И според коефициентите во нашата понуда, јасно е кој е фаворит. Единицата е со мал коефициент 1.05, ремито е 9.25, а за победа на Данска е дури 21. Двојна шанса, Х2, е 6.70.
Данците одамна не загубиле меч кој се играл 90 минути, но според составот со кој ќе истрчаат, на таа серија ќе ѝ дојде крајот. Тие им се извинија на Словаците што ќе дојдат со играчи од третата и четвртата данска лига.
Словачка треба да има лесна задача, да го наполни голот на гостите и да добие бодови кои добро ќе им дојдат за рангирањето на листата на ФИФА, бидејќи ќе им се води како победа над една од подобропласираните европски репрезентации.