Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Костадинов нема време за чекање, експресно првиот напад го круниса со гол

Тихомир Костадинов постигна експресен гол, во првиот напад на Ружемберок против Сеница, еден од најбрзите во историјата на словачкото првенство

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Тихомир Костадинов постигна гол во првиот напад на мечот меѓу неговиот клуб Ружомберок против Сеница. Липтачи одлично го пригра македонскиот интернационалец, а Костадинов ја затресе мрежата веднаш во стартните секунди на мечот.
Тоа е еден од најбрзите голови во историјата на словачкото првенство, минаа само неколку секунди од стартот на мечот и е дело на нашиот младински репрезентативец.
Костадинов одигра еден час пред да биде заменет, а ќе остане запаметен неговиот експресен гол.
Ружомберок убедливо ја победи Сеница со 4:0. За домаќините, како соиграч на Костадинов настапува уште еден поранешен младински репрезентативец Јани Урдинов, кој беше стартер за домаќините и го одигра целиот меч.

 

Најнови вести