Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2011

ПСЖ подготвува понуда за Марек Хамшик

Марек Хамшик, дваесет и четиригодишниот репрезентативец на Словачка и член на Наполи, е нова цел на финансиски моќниот ПСЖ.

Според француските медиуми, челниците на парискиот клуб се подготвени да влезат во преговори со клубот од Неапол.

Хамшик е дел од Наполи од 2007 година, а овој викенд постигна два гола за својот тим во победата против Вилјареал во Лигата на шампионите, но беше стрелец и на уште еден гол во саботното дерби против Интер во Милано, каде што, исто така, славеа со 3-0.

Инаку, во текот на летото Наполи беше подготвен да го продаде Словакот на Милаб, но италијанскиот шампион, очигледно, не понуди онолку колку што бараше Наполи.

ПСЖ во врска со сумата не би бил толку скржав бидејќи и онака во текот на летото издвои милиони за доведување на Хавиер Пасторе, Момо Сисоко и останати големи имиња. За цената сè уште не се говори, но „светците“ се подготвени да трошат и понатаму од својата каса, која новите клупски сопственици ја наполнија со милиони.

Најнови вести