Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Хоџсон: Немаше да биде поразлично да играа Руни и Али од почетокот

Селекторот на Англија Рој Хоџсон не е премногу разочаран со постигнатиот реми резултат против Словачка.

Натпреварот во Сент Етјен беше завршен без голови, па Англичаните како второ пласирани во Групата Б поминаа во осминафиналето на натпреварувањето.
„Гордиот Албион“ доминираше, имаше 27 шутеви од кои противникот блокираше 14, а одлично бранеше и Козачик.
„Не сум сигурен дека ќе имаше некоја разлика да играа Руни, Али и Вокер од самиот почеток. Имавме многу шанси, но не ги искористивме. Додека вака играме не се плашам од никого“,изјави Хоџсон.
Противник на Англија во втората фаза од натпреварувањето ќе биде второпласираниот тим од Групата Ф, моментално во групата лидер е Унгарија со четири бодови, Исланд и Португалија имаат по два, а Австрија еден бод. 
Во последното коло Унгарија игра против Португалија, а Исланд против Австрија.

Најнови вести