Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2014

Македонија без Ибраими, Јаховиќ и Георгиевски против Словачка

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словачка без тројца стандардни репрезентативци ќе го одигра четвртиот натпревар во Квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Поради болест Агим Ибраими нема да настапи за македонскиот национален тим, а Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски се отстранети од репрезентацијата поради недисциплина.
По трите кола во групата Ц, Македонија има една победа и два порази, а селекторот Бошко Ѓуровски и неговите избраници најавуваат дека е време да се прекине непријатната традиција против Словаците со кои по шест натпревари немаме ниту еден триумф.
Покрај натпреварот Македонија - Словачка, во нашата група вечерва играат и Луксембург – Украина и Шпанија – Белорусија. По трите одиграни кола, Словачка со девет бодови е прва во нашата група, Шпанија има шест, Украина и Македонија по три, Белорусија и Луксембург по еден бод.
Дуелот се игра вечерва на Арената „Филип Втори“ со почеток од 20 часот и 45 минути.


Најнови вести