Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Реми за Германија, Малта победи по 16 натпревари

Фудбалерите на Данска и на Германија ремизираа 1-1 во пријателскиот натпревар на стадионот „Брондби“ во Копенхаген.

Данска поведе со голот на Кристијан Ериксен во 18-тата минута, со ударот од работ на казнениот простор по лошата интервенција на одбраната на Германија.
Германците во многу отворениот натпревар имаа 20 удари, но само на минута пред крајот на средбата, Џошуа Кимих успеа да избегне пораз.
„Панцирите“ во сабота го дочекуваат Сан Марино во шестото коло на групата Ц од квалификациите за Светското првенство. Тие се лидери со 15 освоени бодови , пет повеќе од Северна Ирска.
Данска во недела ќе гостува кај Казахстан, ја дели втората позиција со Црна Гора во групата Е со по седум бодови, шест зад лидерот Полска.
Вчера се одиграа уште два пријателски натпревара, Израел и Молдавија ремизираа 1-1, додека Малта ја совлада Украина со 1-0.
Молдавија во 94-тата минута од квалификацискиот натпревар остана без победа во Нетанја, Израел поразот го избегна со голот од пенал.
Малта во Грац ја забележа првата победа по 16 натпревари, а само втора во последните три години.

 

Најнови вести