Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2018

Ериксен: По ова, не ми се допаѓа ВАР

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен изјави дека не ја доведува во прашање одлуката да се додели пенал на Австралија во ремито 1-1 меѓу двете репрезентации, но дека требало да се досуди слободен удар за неговиот тим.

Ериксен ја доведе Данска во водство во седмата минута, а реми на Австралија ѝ донесе Миле Јединак од пенал, кој беше досуден откако судијата одлучи да се консултира со видеотехнологијата и потоа покажа на белата точка поради играње со рака.
Фудбалерот на Тотенхем додаде дека на пеналот му претходела спорна ситуација кога судијата требало да досуди слободен удар за Данска.
„По ова, не ми се допаѓа системот ВАР. На два натпревара беше против нас. Потоа размислувавме за тоа, а имаше фаул над Поулсен пред пеналот. Пред тоа требаше да има слободен удар. Ако системот се користи само за пенали, зошто не би се употребувал и за слободни удари? Горчлив е вкусот тоа што нам ни се случи два пати“, изјави Ериксен.
Данска по две одиграни кола, има четири бода, а во наредното, на 26-ти јуни, ја чека средбата со Франција.

Најнови вести