Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2018

Шведска и Шпанија за европското злато

Во вчерашниот полуфинален натпревар на Европското првенство во ракомет во Загреб, Шведска по продолженијата ја победи Данска со 35-34 и во утрешното финале против Шпанија ќе се бори за златниот медал.

Данска и Франција, кои беа фаворити за финалето, утре ќе се борат за третото место на Европското првенство во Загреб.
Шпанија и Шведска, кои направија изненадувања во вчерашните полуфинални натпревари, утре ќе се борат за шампионското место.
Шведска водеше во текот на целиот натпревар, но во финишот Данска изедначи на 28-28 и потоа се играа продолженија. И понатаму Шведска водеше и ја задржа предноста, па на крајот славеше со 35-34.
За Шведска херој на натпреварот беше Андреас Паличка, кој одбрани 20 топки, а најефикасен беше Закрисон со осум постигнати погодока. Кај Данците, Микел Хансен постигна 12 гола, а Лагуе Шмид 11.
Во другиот полуфинален натпревар на Европското првенство, Шпанија со 27-23 го победи светскиот шампион Франција и утре во големото финале ќе се бори за златниот медал.
Франција имаше фантастична игра во двете групни фази од Европското првенство и се веруваше дека лесно ќе дојде до златниот медал, но на патот ѝ застана Шпанија.
Шпанците направија изненадување со одличната одбрана, а Французите беа немоќни во нападот, најлош период им беше од 17-тата до 27-мата минута, кога цели десет минути не можеа да постигнат погодок. Во тој период Арпад Штербик одбрани два пенали.
Финалниот натпревар меѓу Шпанија и Шведска се игра утре, во 20.30 часот, а два и пол часа претходно Франција и Данска ќе се борат за бронзениот медал.
Во мечот за петтото место домаќинот Хрватска ја совлада Чешка со 28-27.

 

Најнови вести