27.2.2014 Украина го одложи продолжението на сезоната
Украинската лига објави дека го одложи вториот дел од сезоната поради политичката ситуација во земјата.
Десетици луѓе загинаа во антивладините протести минатата седмица, што доведе до соборување на претседателот Виктор Јанукович.
Украинската лига на својата интернет-страница потврди дека продолжението на сезоната го одложила по препорака на Министерството за внатрешни работи, а новиот термин ќе биде објавен дополнително.
Поради граѓанските немири Динамо од Киев минатата недела како домаќин на натпреварот од Лигата на Европа против Валенсија играше на неутрален терен во Никозија, Кипар.