Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Рутинска победа на Германија на премиерата

Репрезентацијата на Германија ја совлада Украина со 2-0 (1-0), во вториот натпревар во Групата Ц на Европското првенство во Франција.

Актуелниот шампион на светот  поведе преку дефанзивниот играч Шкодран Мустафи по центаршутот на Тони Крос од слободен удар во 19-тата минута.
Германија триумфот го потврди во 93-тата минута по контра нападот кој го поведе Месут Озил, а го заврши Бастијан Швајнштајгер. Ова за сега е најубедливата победа на ЕП.
Германците во целост го надиграа противникот, имаа уште неколку добри шанси, но одличниот голман на Украина, Андриј Пјатов, ги сопре обидите на Дракслер, Гетце, Крос, Милер.
Иако ретко имаа посед на топката Украинците со многу трчање успеваа повремено да им се заканат на Германците, пред сè во првото полувреме.
Имаа три одлични шанси за гол, две доживеаја фантастична одбрана од Мануел Нојер, а една од гол линијата ја исфрли Џером Боатенг.
На крајот Германија оствари уште една победа на отворањето на ЕП, седма на 12 настапи, па 19-ти пат славеше во последните 20 натпревари на кои водеше на полувремето. 

Најнови вести