Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2015

И Украина со три бода замина од Скопје

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе седмиот пораз по ред во квалификациите за Европското првенство Франција, откако синоќа на Националната арена „Филип Втори" загуби од Украина со 2:0.

На последниот домашен натпревар од квалификациите македонската фудбалска репрезентација го претрпе осмиот пораз и остана на последното место во групата Ц.
Гостите дојдоа до водството во 58-ата минута со голот на Селезњов од пенал по играњето со рака на Жута во петерецот. На две минути пред крајот Украинците преку Кравец ја потврдија победата.
„Во првото полувреме игравме солидно. Потоа следуваше пеналот и истиот го промени текот на играта. Се обидовме со замени. Заигравме поофанзивно, но примивме втор гол. Хасани се повреди во првата фаза од средбата. Украина има голем број на играчи и разликата во класа е очигледна. За жал не ја повторивме играта со Шпанија. Момците се борат но не успеавме да дадеме гол“, изјави селекторот Љубинко Друловиќ по натпреварот.
Македонската репрезентација по само дваесетина минута остана без Ферхан Хасани, еден од најдобрите играчи во овие квалификации, кој претрпе повреда на коленото, но според првичните информации повредата не е многу сериозна.
Македонија во понеделник на гости во Белорусија го игра последниот натпревар од овој квалификациски циклус.

Најнови вести