Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2013

Лампард во Киев го игра својот стоти натпревар

Рој Хоџсон, селекторот на англиската фудбалска репрезентација, потврди дека Френк Лампард денес ќе игра во почетната постава во Киев против Украина, во важниот квалификациски дуел за Светското првенство.

Триесет и петгодишниот играч за врска на Челзи во Киев ќе прослави јубилеј, стоти натпревар во дресот на „гордиот Албион“. Лампард првиот натпревар за Англија го одигра точно пред 14 години, во октомври 1999 година, во пријателска средба со Белгија, а првиот од вкупно 29-те голови во дресот на националната екипа го постигна на „Портман роуд“ во Ипсвич, во победата од 3-1 над Хрватска во август 2003 година.
„Френк Лампард ќе игра во почетната постава и ќе го има својот 100-ти настап во дресот на Англија. Мило ми е што ќе бидам дел од таа приказна. Не верувам дека ќе има многу играчи коишто ќе играат за Англија во континуитет две или три години, а камоли 14. Тоа е многу голем период. Бидејќи и немаме баш толку многу натпревари во репрезентацијата, ако некој играч сака да достигне до 100 настапи, тој мора да игра во селекцијата која се бори за титули на најголемите натпреварувања и мора да игра за неа многу долго време“, изјави Хоџсон.
Лампард во Киев ќе игра со двајца свои соиграчи коишто веќе стигнаа до 100-от настап за Англија. Тоа се: капитенот Стивен Џерард и одбранбениот играч Ешли Кол.

Најнови вести