Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2012

Блохин опериран и е во стабилна состојба

Олег Блохин, тренерот на Динамо од Киев, е во стабилна состојба по операцијата на каротидната артерија, соопшти трофејниот украински клуб.

„Тој мораше итно да биде опериран откако ја проверивме неговата здравствена состојба“, изјави управникот на клиниката во Киев, Михаил Радуцки.
Своевремено еден од најдобрите европски фудбалери е примен во болница со покачен крвен притисок.
„Блохин беше свесен кога ме виде по операцијата и ме препозна. Се надевам дека најлошото веќе е зад него“, рече Игор Суркис, претседателот на Динамо.
Педесет и деветгодишниот Блохин ја водеше репрезентацијата на Украина на овогодишното Европско првенство, а минатата седмица поднесе оставка, по прифаќањето на понудата на Динамо.
Украинската фудбалска федерација потврди дека Андреј Бол, помошникот на Блохин, ќе го води националниот тим на натпреварите против Молдавија и Црна Гора овој месец, во квалификациите за Светското првенство во 2014 година.

Најнови вести