Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2015

Јермоленко останува во Динамо Киев

Најдобриот фудбалер на Динамо Киев, Андриј Јермоленко, потпиша нов петгодишен договор со клубот и со тоа стави крај на интересот на Челзи и Евертон.

Претходниот договор на крилниот фудбалер му истекуваше на крајот на сезонава, но тој решил во редовите на украинскиот шампион да остане до 2020 година.
„Имам желба еден ден да се пробам во странски клуб, а имав и неколку понуди. Засега сум среќен во Киев и сигурен сум дека Динамо еден ден ќе ја избере најдобрата опција за двете страни. Не сакав да одам од клубот следната година без отштета, Динамо ми е како семејство“, изјави Јермоленко за клупската интернет страница.
Англиските медиуми пишуваа дека менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, лично дошол во Киев да види фудбалерот на натпреварот меѓу Украина и Шпанија.
Јермоленко е член на Динамо до 2007 година, а за националниот тим настапи 52 пати и постигна 20 голови.

Најнови вести