Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2014

Киев: Нередите ја селат Лигата на Европа во Кипар

Натпреварот од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа меѓу Динамо Киев и Валенсија ќе се игра во Кипар поради нередите во главниот град на Украина.

На улиците во Киев и на Плоштадот на независноста веќе три месеци траат протестите и нередите против претседателот Виктор Јанукович, а на кои веќе има дваесетина жртви.
Деновие се појавија информации дека натпреварот ќе биде одложен, но сепак е донесена одлука тој да биде преместен во Кипар, а тоа го потврди и претседателот на Валенсија, Амадео Салво.
„Натпреварот ќе се игра во истото време (19.00 часот), но не во Киев туку во Никозија“, изјави Салво.
Со тоа е ставена точка на шпекулациите кои траеја повеќе од 24 часа, во кои се споменуваше дека поради нередите, натпреварот ќе биде одложен. Исто така, промената на местото на одигрувањето на натпреварот нема да влијае на лигашкиот дуел на Валенсија, која во недела ја дочекува Гранада.

Најнови вести