Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Меч на денот: Динамо Киев во (не)возможна мисија против Ајакс

Холандскиот гигант три години не играл во ЛШ, а Динамо цели шест

Натпреварот помеѓу Динамо Киев и Ајакс кој ќе се игра вечерва (21 часот) на стадионот „Олимпијски“ во главниот град на Украина, треба да одлучи која од овие две екипи ќе влезе во групната фаза од Лигата на шампиони, а кој продолжува во Лига Европа. 
Првиот меч во Амстердам заврши со 3:1 за Холанѓаните. Тие два гола позитива се сериозна предност, но не му гарантираат на Ајакс пласман во групите. Ќе мора „копјаниците“ да одиграат уште 90 квалитетни минути ако сакаат да бидат дел од европската елита. 
Динамо ќе мора да нападне со сите сили, и да бара триумф од 2-0, но таа отворена игра може да биде многу опасна, и гостите од Амстердам ќе имаат простор за контри. Тимот од Киев веќе шест години нема играно во ЛШ, а Ајакс на групната фаза чека три години. Овие клубови некогаш беа редовни учесници, но работите се сменија. 
Ајакс беше многу подобар на првиот меч, тие конечни 3-1 ги имаше уште по првото полувреме. Викендов, Динамо одигра само 1-1 кај Черноморец во Одеса, а Ајакс не се чуваше и славеше над Емен со 5-0, и потврди дека е во добра форма. 
Кај Ајакс, поради жолти картони нема да игра засилувањето Таљафико, а повредени се Нерес, Долберг, Синкгравен и Фелтман. Ајакс има низа од 15 меча по ред во кои дава гол. Клас Јан Хунтелар во саботата даде два гола и полека фаќа ритам, а тоа е опасно за Динамо кој ќе има голема поддршка од публиката. 
Во нашата понуда, „единицата“ е со коефициент 2.75. Двојката е со коефициент 2.50, додека за нерешен исход, квотата е 3.35.

 

Најнови вести