Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2018

Рома го доведе Клајверт за 20 милиони евра

Талентираниот холандски напаѓач Џастин Клајверт ќе стане фудбалер на Рома откако за 20 милиони евра ќе направи трансфер од Ајакс.

Овој 19-годишен фудбалер, син на познатиот голгетер Патрик Клајверт, допатува во Рим и штом ќе ги помине лекарските прегледи, се очекува да потпише петгодишен договор со Рома.
Доаѓањето на Клајверт во Рим не помина незабележано, на аеродромот „Фјумичино“ беше дочекан од 500 навивачи на овогодишниот полуфиналист на Лигата на шампионите.
Стрелецот на десет гола минатата сезона во холандската Ередивизие е четврто засилување на Рома во новата сезона, по Брајан Кристанте (Аталанта), Анте Ќориќ (Динамо Загреб) и Иван Маркано (Порто).
Клајверт, кој ги покрива позициите напаѓач и лево крило, дебитираше и за тимот А на репрезентацијата на Холандија во пријателскиот натпревар против Португалија во март.
Изминатите месеци се шпекулираше дека би можело да направи трансфер во Манчестер јунајтед, по интересниот разговор со Жозе Мурињо по финалето на Лигата на Европа минатата сезона.

Најнови вести