Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2017

Динамо Киев остана без најдобриот, Јармоленко во Дортмунд

Андриј Јармоленко, најдобриот фудбалер на Динамо од Киев, кариерата ќе ја продолжи во Борусија од Дортмунд, објави германскиот клуб.

Јармоленко потпиша четиригодишен договор со „милионерите“ и дојде како замена за Усман Дембеле, кој направи трансфер во Барселона.
Овој 27-годишен крилен напаѓач една деценија настапуваше за Динамо Киев, но сега одлучил да направи трансфер во Борусија за 20 милиони евра.
Јармоленко три пати беше прогласен за најдобар украински фудбалер – во 2013, во 2014, и во 2015 година.
Колку беше значаен за Динамо, говори и тоа што постигна дури 137 голови на 339 натпревари.

Најнови вести