Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2017

Ајакс ги суспендира тренерите, легендарниот тандем го преземa првиот тим

Во холандскиот фудбалски клуб Ајакс се случија големи промени, вчера беа суспендирани тренерот Марсел Кајзер и двајцата негови помошници, меѓу кои е и поранешниот играч Денис Беркамп.

Како што е соопштено, управата на клубот со нив преговарала за прекинување на соработката само по еден ден откако Ајакс беше елиминиран од Купот на Холандија од Твенте.
Ајакс моментно се наоѓа на второто место во првенството на Холандија со 38 освоени бода, пет помалку од ПСВ од Ајндховен.
Вчера се појави информацијата дека клупата ќе ја преземат легендите на клубот Михаел Рајзигер и Винстон Богарде.
Рајзигер со помош на Богарде привремено ќе ја преземе екипата и ќе го предводи Ајакс на претстојниот натпревар на арената „Амстердам“ утре, од 14.30 часот, кога ќе гостува Вилем 2.

Најнови вести