Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2014

Сергеј Ребров нов тренер на Динамо

Триесет и деветгодишниот Ребров, кој од април беше привремен тренер на Динамо, на клупата го замени Олег Блохин, кој поднесе оставка.

Динамо во последниот натпревар од украинското првенство ја победи Зорја со 3-1, но првенството го заврши на четвртото место и следната сезона ќе игра во Лигата на Европа. За прв пат во историјата Динамо не е меѓу првите три екипи.
Динамо минатиот четврток, за прв пат по пет години, го освои Купот на Украина, откако во финалето го победи Шахтар со 2-1. Тоа беше негова прва победа над екипата од Донецк во последните три години.
Ребров играше за Шахтар, од каде што во 1992 година направи трансфер во Динамо. Има играно уште за Тотенхем, Фенербахче, Вест хем, а кариерата ја заврши во 2009 година во Рубин од Казањ. За репрезентацијата на Украина одигра 75 натпревари и постигна 15 голови.

Најнови вести