Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2015

Мурињо: Судијата слаб и наивен

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, го критикуваше судијата Дамир Скомина по ремито со Динамо во Киев.

Натпреварот на Олимпискиот стадион заврши без голови, па англискиот шампион по трите кола има само четири бодови, еден помалку од Украинците, а три од лидерот на групата, Порто.
Мурињо, кој неодамна беше казнет од ФА на Англија со 50.000 фунти поради критикување на судиите, беше незадоволен и од учинокот на арбитерот во Киев, бидејќи смета дека на неговиот тим не му бил доделен пенал во првото полувреме.
Сеск Фабрегас падна по дуелот со Сергеј Рибалка, но Скомина и неговите помошници не реагираа и натпреварот на крајот заврши без голови.
„Не разбирам што прави судијата зад голот, тој не донесува одлуки. Кога е 0-0, а не е досуден таков пенал, тоа е голема работа. Судиите беа слаби и наивни. Повторно немавме ниту среќа, да имавме, ќе победевме. Судбината и понатаму е во наши раце, пласманот зависи само од нас“, изјави Мурињо.
И Џон Тери, капитенот на тимот, изјави дека имало спорен момент со Фабрегас како клучна работа на натпреварот и додаде дека и понатаму сè зависи од Челзи.
„Бевме подобри во првото отколку во второто полувреме. Создадовме неколку шанси. Вилијан ја погоди стативата од слободен удар, а имавме и пенал кој не беше досуден. Одиме понатаму, се враќаме на ’Стемфорд бриџ’. Сè ни останува нам, вечерва можевме да освоиме три бодови, но следната фаза и понатаму е во наши раце“, изјави Тери по натпреварот.

Најнови вести