Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2016

Пелегрини: Се сомневав, а потоа го постигнавме третиот гол

Менаџерот на Манчестер сити Мануел Пелегрини беше пресреќен по победата од 3-1 на Динамо во Киев во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Многу добар резултат, но не е готово, а сепак добро е да имаш два гола предност. На 2-1 имав моменти кога се сомневав, а потоа го дадовме третиот гол. Во фудбалот е важно никогаш да не помислите дека е готово, но тој третиот гол ни даде уште повеќе самодоверба пред реваншот“, изјави Пелегрини.
Слично размислува и капитенот Винсан Компани.
„Имаме прилично добра шанса да поминеме понатаму, а порано во тоа не успевавме“, изјави Белгиецот, чиј тим во претходните три сезони беше сопрен во осминафиналето.
„Изгледавме како тим кој е гладен за успех, секој натпревар за нас е приоритет, не е лесно да се предвиди во кое натпреварување ќе постигнеш успех“, заклучи Компани.
Реванш натпреварот е на програмата за 15-ти март во Манчестер.

Најнови вести