Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2012

Тијаго Силва ќе дебитира против Динамо Киев

Карло Анчелоти, тренерот на францускиот фудбалски клуб ПСЖ, на вчерашната конференција за новинарите потврди дека бразилскиот стопер Тијаго Силва конечно ќе дебитира за парискиот клуб.

„Тијаго Силва конечно е спремен за деби. Ќе ја поставиме најсилната можна екипа против Динамо од Киев. Нема да ризикуваме со Мамаду Сако (повреда на бутниот мускул), кој, најверојатно, ќе биде на располагање за средбата против Бастија“, рече Анчелоти.
ПСЖ ќе го нагости Динамо од Киев на „Паркот на принцовите“ вечерва со почеток во 20.45.

Најнови вести