17.7.2015 Сандерленд го доведе Џермејн Ленс
Холандскиот крилен напаѓач Џермејн Ленс е ново засилување на Сандерлед.
Тој со „црните мачки“ потпиша четиригодишен договор.
Ленс доаѓа од Динамо Киев, чиј дрес го носеше во претходните пет сезони и на 49 натпревари постигна десет голови.
Менаџерот на тимот Дик Адвокат одлично ги познава квалитетите на 27-годишниот фудбалер, со оглед на тоа дека двајцата претходно соработувале во АЗ Алкмар и во ПСВ од Ајндховен.
Ленс одигра 28 натпревари за холандската репрезентација и постигна осум голови.
Беше член на тимот кој на Светското првенство минатата година го освои третото место.