Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2016

Пелегрини: За Челзи имам само 13 играчи!

Менаџерот на Манчестер сити, Мануел Пелегрини, се наоѓа во големи проблеми пред неделниот дуел од осминафиналето од ФА Купот против Челзи.

„Граѓаните“ имаат многу повредени фудбалери, а дополнителен проблем е што во среда во Киев ги очекува првиот дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите со Динамо.
„Имам само 13 играчи на располагање за натпреварот со Челзи“, изјави Пелегрини.
„Покрај тоа блиску е и натпреварот во Лигата на шампионите. Во секој случај на теренот ќе извадам силна екипа. Секогаш и во сите натпреварувања се обидуваме да ја сработиме работата најдобро што можеме. Секој играч е битен, секој турнир е важен. Сепак, во овој момент предноста мораме да ја дадеме на Лигата на шампионите“, додаде Чилеанецот.
Дерби дуелот од оваа фаза во ФА Купот е на програмата за утре во 17:00 часот на „Стемфорд бриџ“.

Најнови вести