Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2012

Велосо потпиша за Динамо Киев

Португалскиот репрезентативец Мигел Велосо направи трансфер од италијанскиот калчолигаш Џенова во Динамо од Киев.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер од средината на теренот потпиша четиригодишен договор, а финансиските детали не се соопштени.
„Имав уште неколку понуди, но Динамо Киев беше најконкретен и најупорен. Ме радува и можноста да играм во Лигата на шампионите“, изјави Велосо.
Португалецот во претходните две сезони за Џенова одигра 53 натпревари и постигна два гола. Велосо е второ големо засилување за Динамо во овој преоден рок, откако претходно во Киев пристигна хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар.
Велосо на штотуку завршеното Европско првенство настапи на сите пет натпревари за Португалија која стигна до полуфиналето каде беше поразена од Шпанија на пенали.

Најнови вести