Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2017

Тоти во недела последен пат во дресот на Рома

Франческо Тоти изјави дека во недела последен пат ќе игра за Рома!

Тоти има 40 години, целата кариера ја помина во редовите на „волчицата“, а од неа ќе се збогува против Џенова.
„Невозможно е со зборови да се опише што значат овие бои за мене и што ќе значат секогаш. Љубовта која ја чувствувам кон клубот не поминала. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Никогаш. Во понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици“, изјави Тоти.
Легендата на Рома нема откриено дали напуштањето на клубот значи и крај на фудбалската кариера.
За првиот тим дебитираше во 1992 година, а во текот на изминатите 25 сезони одигра 785 натпревари и постигна 307 голови.
Серија А ја освои само еднаш, во 2001 година, а по два пати Купот и Суперкупот на Италија.
Натпреварот меѓу Рома и Џенова на програмата е во недела, од 18 часот на римскиот „Олимпико“.

Најнови вести