Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2015

Челзи и Барса го сакаат Украинецот

Украинскиот репрезентативец Андриј Јермоленко го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

За напаѓачот на Динамо од Киев наводно се заинтересирани Челзи и Барселона.
Таа приказна дополнително ја подгреа Жозе Мурињо, менаџерот на клубот од Лондон, на натпреварот меѓу Украина и Шпанија во Киев во понеделникот, во квалификациите за Европското првенство.
„Не знам зошто дојде Мурињо во Киев. Не ни знаев дека тренерот на Челзи е на стадионот. Мене ме интересираше натпреварот, а него ќе мора да го прашате кого дошол да го гледа“, изјави Јермоленко.
Покрај овие два великани, за Јермоленко наводно се интересираат уште Евертон и Арсенал, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра.

Најнови вести