Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2012

Блохин една недела во болница по проблеми со крвниот притисок

Тренерот на Динамо Киев, Олег Блохин, е примен во болница во Киев поради проблеми со висок крвен притисок.

„Олег Блохин се чувстуваше лошо и е однесен во болница за да му биде пружена лекарска помош. По некое време ни е јавено дека Блохин има криза поради високиот крвен притисок. Следната седмица Блохин ќе биде на лечење во клиника во Москва“, се вели во соопштението на киевскиот клуб.
Блохин неодамна беше именуван за шеф на стручниот штаб на Динамо Киев, а после тоа поднесе оставка на местото селектор на украинската репрезентација.
По неговото доаѓање Динамо забележа две победи: против Зорја во украинскиот шампионат и против Динамо Загреб во Лигата на шампионите.

Најнови вести