Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2012

Шевченко неизвесен за Англија

Андриј Шевченко, капитенот на украинската фудбалска репрезентација, е под знак прашалник за одлучувачкиот натпревар од третото коло на групата Д на Европското првенство против Англија, кој на распоредот е утре.

Причината е повреда на коленото.
„Андриј претрпе удар во коленото во второто полувреме на натпреварот против Шведска и потоа уште еден удар во истото колено против Франција. Не беше во состојба да тренира вчера, а би рекол дека е во прашање за утре. Беше на лекар и прави третман. Се надеваме дека ќе заигра,но повторувам, неговиот настап е под знак прашалник“, објасни портпаролот на Украинскиот фудбалски сојуз.
Поранешниот напаѓач на Милан и Челзи постигна два гола за Украина во победата од 2-1 против Шведска во првото коло на групата, а неговото отсуство би бил голем хендикеп за екипата на Олег Блохин, која пред домашната публика треба да ја победи Англија за да обезбеди историски пласман во четврт-финалето на Евро.

Најнови вести