Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2013

Динамо Киев му го позајми Рафаел на Шалке

Бразилецот Рафаел, 27-годишниот поранешен играч за врска на Херта, во втората половина од сезоната во германското фудбалско првенство ќе го носи дресот на Шалке.

Тоа е резултат на успешните преговори меѓу Шалке и Динамо Киев. Во редовите на украинскиот гигант Рафаел дојде во јули минатата година од Херта, но не се снајде најдобро, па клубот од Киев одлучи да го испрати на заем.
„Со оглед на нашите неодамнешни проблеми со повреди, мило ни е што успеавме да постигнеме договор. Рафаел ќе ни донесе повеќе опции во нападот и нема да му треба многу време да се прилагоди бидејќи веќе помина четири години играјќи во Германија“, рече Хорст Хелт, спортскиот директор на Шалке.
Пред трансферот во Динамо Киев, Рафаел четири години ги бранеше боите на Херта и притоа во 140 бундеслигашки натпревари постигна 33 голови.

Најнови вести