Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2017

На Баерн не му оди ниту без Карло

Фудбалерите на Баерн ремизираа 2-2 со Херта во Берлин, во дербито на седмото коло од германската Бундеслига.

Шокантната терапија со отпуштањето на Карло Анчелоти не им помогна на „баварците“, иако изгледаше дека дала плод бидејќи водеа со 2-0 по 50 минути игра.
Но, сè се упропасти во наредните шест минути, Дуда и Калу погодија за израмнување на Херта и реми на „Олимпија стадионот“.
Баерн, за кого стрелци беа Хумелс и Левандовски, ремизираше по втор пат во низа, па по седум кола, заостанува со пет бодови зад лидерот Борусија од Дортмунд.
Херта со третото реми оваа сезона остана на десеттата позиција со девет бода, а во следното коло го дочекува Шалке. „Баварците“ од кризата ќе се обидат да се извлечат на домашен терен против Фрајбург.

Најнови вести