Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2015

Ребров: Нема поголема мотивација од Челзи

Сергеј Ребров, тренерот на Динамо од Киев, изјави дека неговата екипа во претстојниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се обиде да ги искористи проблемите што ги има Челзи.

„Се надевам дека играчите психички закрепнаа по поразот од Шахтар (0-3). Ги анализиравме нашите грешки и се надевам дека вечерва ќе видиме сосема друг тим на теренот“, изјави Ребров.
„Мило ми е што немаме многу време да размислуваме за таа средба, бидејќи пред нас е друг важен натпревар, а не можам да замислам подобра мотивација за играчите од натпреварот против Челзи во Лигата на шампионите“, додаде Ребров на конференцијата за медиумите во Киев.
Динамо вечерва го дочекува Челзи во третото коло на групата Г во Лигата на шампионите.
По две одиграни кола, украинската екипа е прва на табелата со четири освоени бодови, колку што има и второпласираниот Порто, додека Челзи е трет со еден бод помалку. Последен на табелата на групата Г е Макаби Тел Авив без освоен бод.
„Мораме да се обидеме да го постигнеме нивото на интензитетот како во Премиер лигата. Во Англија немате време да размислувате на теренот. Челзи е навикнат на тоа... Добро ја проучивме нивната игра, Челзи има доста добри особини, но има и проблеми, кои ние ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави Ребров.
Натпреварот меѓу Динамо и Челзи се игра вечерва, од 20.45 часот, во Киев, а во другиот натпревар од групата Г се сретнуваат Порто и Макаби Тел Авив.

Најнови вести