Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2013

Тепачка на соиграчи на тренинг на Динамо Киев!

Наместо вообичаен тренинг на Динамо Киев, на фудбалскиот терен набрзо се претвори во боксерски ринг.

Само за неколку секунди соиграчите Дмитро Коркишко и Франк Темиле понудија спектакл каков што денес ретко се гледа и во боксерските мечеви.
Коркишко влезе во отворена пресметка со Нигериецот и го удри со дланката во глава, а Темиле како вистински боксер експресно му врати. Двајцата потоа тргнаа во боречки зафат и Темиле го собори Коркишко на подот.
Колку била ситуацијата вжештена, зборува и тоа дека соиграчите со големи маки го раздвоиле Темиле од Коркишко. Што би било доколку играа меѓусебен натпревар за сопернички екипи...

Најнови вести