Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2014

Блохин ја напушти клупата на Динамо Киев

Легендарниот Украинец Олег Блохин, тренерот на Динамо Киев, поднесе оставка на функцијата поради поразот од Шахтар Донецк во првенството на Украина.

Шахтар синоќа во Киев славеше со 2-0, а двократен стрелец беше Луиз Адријано.
Екипата на Динамо од Киев, на седум кола пред крајот, има седум бодови помалку од Шахтар и Днипро, коишто го делат првото место на табелата.
Игор Суркис, претседателот на Динамо, ја прифати оставката на Блохин поради серијата лоши резултати.
Блохин на клупата на клубот од Киево дојде во 2012 година, но не успеа да освои ниту еден трофеј.

Најнови вести