07.6.2012 Крањчар потпиша за Динамо Киев
Нико Крањчар потпиша четиригодишен договор со Динамо од Киев. Оштетата на Тотенхем ќе изнесува седум, а неговата годишна плата два милиони евра.
Оштетата од седум милиони евра ќе се плаќа во неколку делови.
Претставници на киевскиот клуб беа во Варшава, а Крањчар договорот го доби во хотелот „Сјеланка“, каде што е сместена репрезентацијата.
Брзо го потпиша договорот, кој претходно го разгледа бидејќи го доби преку е-мејл. Целата операција траеше пет минути.
„Задоволен сум и среќен, одам во голем клуб, во квалитетна лига. Мило ми е што сè се реши пред почетокот на Евро 2012, сега мирно можам да се посветам на натпреварите. Сите веруваме дека можеме многу да направиме“, рече Нико Крањчар.