Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Ако не може болниот Вујошевиќ...

Познато е кој ќе ја води селекцијата на БиХ, ако здравјето не му дозволи на популарниот Дуле да седи на клупа во септемвриските мечеви

Душан Вујошевиќ заврши со прегледите во Истанбул, но уште не се знае кога ќе му биде пресаден бубрег, па затоа, во кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина, одлучија кој ќе биде човекот што ќе го води националниот тим во квалификациите за Светското првенство 2019, доколку Вујошевиќ не биде во можност да ја врши функцијата во септемвриските дуели. Одлуката падна на Менсур Бајрамовиќ, човек кој веќе има солидно искуство од водење на репрезентацијата во минатото. 
Директорот на репрезентацијата на БиХ, Синиша Ковачевиќ, контактирал со Вујошевиќ, на кого му беа направени прегледи, и од Истанбул се вратил во Белград. Лекарското мислење ќе биде клучно околу тоа дали Вујошевиќ ќе може да го води тимот или не. Ако не може, тогаш неговиот помошник Бајрамовиќ ќе ја врши улогата на селектор. Во септември, Босанците треба да гостуваат во Финска и да играат дома со Чешка. Во ноември, имаат дуели со Бугарија и Финска, а на крај во февруари, имаат мечеви против Чешка и Бугарија. 

 

Најнови вести