Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2012

Им подаривме победа на Хрватите

Македонија загуби од Хрватска со 1-2 во третото коло од групата А од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.

Македонската репрезентација по втор пат за еден месец загуби од Хрватска, по првиот пораз во Загреб од 0-1. Нашата репрезентација поведе преку Ибраими во 16 минута на воодушевување на навивачите на преполната Национална арена „Филип II“. Од една полуконтра, Пандев го проигра Ибраими кој се ослободи од својот чувар во шеснаесетникот и го совлада Плетикоса.
По водечкиот гол, Хрватите ја преземаа иницијативата и го напаѓаа нашиот гол. Во 31 минута, Ракитиќ изведе корнер, Ќорлука ја прими топката на вториот дирек и неодбранливо биеше во нашиот гол. По израмнувањето на резултатот, Хрватите продолжија со иницијативата, но на полувремето се отиде со 1-1.
Нашите репрезентативци во вториот дел ја префрлија играта на половината на Хрватите и кога сите очекуваа водечки погодок на Македонија, Хрватите дојдо до водство. Во 60 минута еден безопасен слободен откосо од 40-ина метри, Богатинов погрешно го процени ударот на Ракитиќ кој го лобуваше за водство на „коцкестите“ и на големо разочарување на домашните навивачи.
До крајот македонските репрезентативци се обидоа да стигнат до израмнување, но не креиравме ниту една посериозна шанса, а Хрватите двапати се заканија преку Калиниќ, кој еднаш го погоди и дирекот на голот.
Капитенот Горан Пандев во 91 минута доби и жолт картон поради приговор на данскиот судија, па сега ќе го пропушти мечот против Србија во вторник.
Во другите натпревари од нашата група, Белгија оствари лесен триумф против Србија во Белград со 3-0, а Велс ја победи Шкотска на домашен терен со 2-1.

Најнови вести