Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2013

Велс падна на „Филип Втори“

Македонската фудбалска репрезентација стигна до втора победа во квалификациите за Светското првенство во Бразил. На националната арена „Филип II“ совладан е Велс до 2-1 со головите на Иван Тричковски и Александар Трајковски.

Избраниците на Чедомир Јаневски во водство во 21 минута преку Тричковски кој умешно искористи една одбиена топка по слободниот удар од 25 метри. Гостите имаа шанса набрзо да израмнат преку Грег Белами кој ја погоди стативата, а еден од гостинските играчи не ја искористи одбиената топка.
Израмнувањето дојде во 36 минута. Тричковски од зад грб фаулираше еден од противничките играчи во нашиот шеснаесетник, а судијата по кратко размислување покажа на белата точка. Прецизен од 11 метри беше фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи.
Во второто полувреме Македонија имаше две одлични шанси повторно да поведе но Пандев и Тричковски не успеаја да го совладаат Мајхил.
Во 80 минута Трајковски си направи прилика за удар и од 20-ина метри погоди за водство од 2-1 и за голема радост на „Филип II“.
Најголемата ѕвезда на Велшаните, новиот фудбалер на Реал Мадрид не влезе во игра и целиот натпревар го следеше од клупата.
Во големото балканско дерби од нашата група, Србија и Хрватска одиграа 1-1 во Белград, а Белгија немаше проблеми во Шкотска и по победата од 2-0 се зацврсти на првото место.

Најнови вести