Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2012

Македонија до првиот бод во квалификациите

Македонската репрезентација на гостувањето во Глазгов одигра нерешено 1-1 со Шкотска и може да жали што не ги освои трите бода.

Нашата репрезентација одигра уште еден одличен натревар и може да жали што не ја оствари првата победа во новиот квалификациски циклус.
Нашите репрезентативци одлично го почнаа натпреварот и веќе во 11 минута по една сомнителна ситуација, Новески ја смести топката во шкотскиот гол. По тоа ја имавме контролата на играта и не му допуштивме на противникот да му се закани на Богатинов, а дури и имавме стопроцентна шанса преку Ивановски кој не успеа од идеална ситуација еден на еден да го совлада МекГрегор. Шкотите ја казнија нашата неефикасност и во 43 минута по една невнимателност на нашата одбрана Кени Милер го израмни резултатот.
Во првите минути од второто полувреме Шкотите ја преземаа иницијативата, но Македонија издржа и ја поврати контролата на натпреварот и повторно имавме две одлични прилики. Прво Ферхан Хасани ја погоди стативата на шкотскиот гол, а потоа и Георгиевски пропушти шанса идентична на таа на Ивановски, по што можеме да жалиме што не ја совладавме Шкотска и да ја забележиме првата победа во Квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Следните два натпревари Македонија ги игра на „Филип 2 Арената“ против Хрватска на 12 октомври и против Србија на 16 октомври.

Најнови вести