Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2012

Руни капитен на Англија по прв пат во кариерата

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, ќе биде капитен на англиската репрезентација на денешниот натпревар против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство во 2014 година во Бразил.

Англиската фудбалска федерација му ја одзема капитенската лента на левиот бек на Челзи, Ешли Кол, кој преку „твитер“ им упати погрдни зборови на челните луѓе на ФА, кои поради расистичкиот испад против Антон Фердинанд го суспендираа неговиот соиграч Џон Тери на четири натпревари, а него индиректно го нарекоа „лажливец“.
По ова, ФА одлучи капитенската лента да му ја даде на Вејн Руни и тоа по прв пат во неговата кариера.
„Ова е голема чест. Мило ми е што одлуката падна на мене. Едвај чекам како капитен да ја предводам мојата репрезентација пред преполниот ’Вембли’“, изјави напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

Најнови вести