Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2013

Белгија и Швајцарија на СП во Бразил

Репрезентациите на Белгија и Швајцарија по претпоследното квалификациско коло им се придружија на Холандија, Германија и Италија како директни патници на Светското првенство во Бразил догодина.

Во нашата квалификациска група, Белгија во Загреб ја победи Хрватска со 2-1, а Швајцарија со ист резултат славеше против Албанија во Тирана.
Во четири квалификациски групи одлуката ќе падне во последното коло кое се игра во вторник, а за директен пласман ќе се борат Русија и Португалија, Босна и Херцеговина и Грција, Англија и Украина и Шпанија и Франција.
Што се однесува до бараж натпреварите, тука работите се малку покомпликувани и ќе бидат познати по одигрувањето на последното коло.
Во африканските квалификации пет двомечи ќе одлучат за директните учесници. По два дуели се на програмата денес и утре, а двобојот меѓу Гана и Египет е закажан за понеделник.
Во Јужна Америка првите четири позиции водат директно на Мундијалот во соседството, а петата води во бараж против репрезентацијата на Јордан. Во моментов, Аргентина, Колумбија, Еквадор и Чиле имаат осигурен пласман, а Уругвај ќе игра во бараж.
Во КОНКАКАФ зоната после четири квалификациски циклуси,три репрезентации патуваат директно во Бразил, а четвртата преку бараж со Нов Зеланд ќе се обиде да обезбеди пласман.
САД, Костарика и Хондурас се на првите три позиции, а Мексико пред последното коло е на четвртата позиција.