Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2011

Македонија гостува во Хрватска и Шкотска на стартот од квалификациите

На вчерашниот состанок во Брисел беше подготвен распоредот за квалификациите на Светското првенство во 2014 година.

По тешки преговори, делегациите на Белгија, Шкотска, Велс, Хрватска, Србија и Македонија го договорија распоредот на натпреварите во групата А за квалификациите за СП, коишто ќе стартуваат во септември наредната година.
Првиот натпревар на нашата фудбалска репрезентација за квалификацискиот циклус е на седми септември следната година на гости кај Хрватска, а четири дена подоцна гостуваме во Шкотска. Последниот натпревар од квалификацискиот циклус Македонија ќе го одигра на 15-ти октомври следната година во Србија.

Распоред на натпреварите за квалификацискиот циклус:

Група А
7 септември 2012    Хрватска – Македонија
11 септември 2012  Шкотска – Македонија
12 октомври 2012   Македонија – Хрватска
16 октомври 2012   Македонија – Србија
22 март 2013          Македонија – Белгија
26 март 2013          Белгија – Македонија
6 септември 2013   Македонија – Велс
10 септември 2013 Македонија – Шкотска
11 октомври 2013   Велс – Македонија
15 октомври 2013   Србија – Македонија

Најнови вести